Дома Фудбал Двајца Македонци можат да бидат пресудни за иднината на Тухел!

Двајца Македонци можат да бидат пресудни за иднината на Тухел!

Столчето на Томас Тухел во Баерн Минхен сериозно почнува се тресе и на големо веќе се пишува за негов можен отказ.

Последните информации од Германија се дека раководството на Баерн пред Тухел поставило ултиматум да победи на трите следни натпревари во Бундеслигата и да го елиминира Лацио во Лигата на шампионите, во спротивно ќе биде отпуштен.

Во следните натпревари Баерн игра на гости против Бохум, па дома со Лајпциг, а во третиот дуел гостува на Фрајбург. Реваншот против Лацио по поразот (0:1) во првиот натпревар е закажан на 5. март.

Ова значи дека македонските фудбалери Агон Елези од Бохум и Елиф Елмас од Лајпциг можат да бидат пресудни за иднината на германскиот стратег.

Во јавноста се шпекулира и за тоа кој би можел да го наследи Тухел, но засега нема посериозни преговори на таа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го следи талентот на Дортмунд: Алберт на радарот и на Челси и ПСЖ

Манчестер сити наводно има предност во трката за 17-годишниот Матис Алберт, а можниот тран…