Дома Македонски спорт Мак ракомет Двата клуба се фузираа: Битола го доби „Еурофарм Пелистер“

Двата клуба се фузираа: Битола го доби „Еурофарм Пелистер“

0

Советот на Општина Битола денес го изгласа проектот за фузирање на двата ракометни клуба, Пелистер и Еурофарм Работник.

Така конечно ќе стартува ракометниот проект „Еурофарм Пелистер“, кој беше најавуван подолги време.

Помладиот битолски клуб ги купи акциите на Пелистер, па овој тим во иднина ќе се вика Еурофарм Пелистер. Вториот тим ќе биде Еурофарм Пелистер 2.

Наскоро треба да се потпише и договорот меѓу градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и претставниците на компанија Еурофарм.

Планираниот заеднички буџет за двете  битолски екипи ќе биде околу еден милион евра, а дресовите оваа сезона нема да се менуваат.

 Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе се натпреварува во бело-сини дресови, а втората комбинација ќе биде зелено-бела. 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пораз во Варшава: Сега шансите за ЕП преку квалификациите се минимални (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вечерва претрпе пораз од Полска и на тој начин скоро и да г…