Дома Фудбал Останато Дарко Панчев: Ибра е голем играч, но нека се тресе Милан од Црвена Звезда

Дарко Панчев: Ибра е голем играч, но нека се тресе Милан од Црвена Звезда

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во интервју за Спорт клуб зборуваше за дуелот на Црвена Звезда против Милан во Лига Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот голгетер на Црвена Звезда го пофали Златан Ибрахимовиќ, но секако посака успех на неговиот поранешен клуб.

„Златан е голем играч, интересен тип, вистински Балканец. По што ние од Балканот се разликуваме од другите, посебно од луѓето на Запад? Тие се како восочни фигури. Го немаат тој хумор, не знаат да се шегуваат. Златан го има тоа во себе затоа што потекнува од овие простори. А од друга страна секако е феноменален играч, исклучителен стрелец“, истакна Панчев.

„Се согласувам дека во последните 20 години Милан на некој начин најмногу падна, фудбалски секако. И тука гледам некаква шанса за Црвена Звезда. Сметам дека Станковиќ добро работи, има добра атмосфера и добро играат. Би бил среќен кога би победиле. Не само затоа што би победила Црвена Звезда, туку што реваншот би бил интересен, нека се тресе и Милан малку“, додаде Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…