Дома Македонски спорт Даниел Димевски доби нов мандат на чело на МОК

Даниел Димевски доби нов мандат на чело на МОК

Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои со големо мнозинство му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат. Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани.

По изборот, Димевски истакна дека и понатаму ќе ги брани интересите на МОК и на националните спортски федерации, макотрпно работејќи за да обезбеди натамошна финансиска и логистичка поддршка за развој на македонскиот спорт.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Крајната цел на МОК, според Димевски, е да го развива националниот спорт според начелата на олимпизмот и да овозможи подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија против Естонија ќе игра пред полни трибини!

Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаск…