Италијанските медиуми пренесоа бомбастична вест и тврдат дека Јувентус е спремен да го „украде“ еден од најважните фудбалери на Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, „старата дама“ пред две години ја активираше откупната клаузула на Миралем Пјаниќ, а сега е спремна истото да го направи и со Кевин Стротман.
Холанѓанецот е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Италија, а тимот од Торино сака да го ангажира како замена за Сами Кедира и Клаудио Маркизио, кои се веќе на залезот од кариерата.
Поволна ситуација за „бјанконерите“ е фактот што Стротман во договорот има откупна клаузула од 45 милиони евра, која нема да претставува проблем за тимот од Торино.
Во 2016 година Јувентус истото го направи и со Миралем Пјаниќ, кој тогаш се пресели во Торино за сума од 32 милиони евра.