Дома Фудбал Дали утре е последен натпревар и за Ангеловски на клупата?

Дали утре е последен натпревар и за Ангеловски на клупата?

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам

Македонија утре го игра натпреварот со Холандија, а со тој натпревар завршува и договорот на селекторот Игор Ангеловски.

Ангеловски на денешната прес-конференција не сакаше да зборува многу за тоа дали истиот ќе биде продолжен.

„Договорот мој со фудбалската федерација завршува и сакам да кажам големо благодарам до најдобриот фудбалер кој го имала, Македонија, Горан Пандев и до сите момци. Сите знаеме каде бевме и до каде стигнавме, резултатите доволно зборуваат. Натпреварот ќе го одработиме максимално професионално, за повеќе не би сакал да зборувам“.

На оваа прес-конференција, Пандев потврди дека дуелот со Холандија ќе биде последен во неговата репрезентативна кариера.

Натпреварот со Холандија се игра утре од 18:00 часот на „Јохан Кројф Арената“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јалкује го реши Хетафе, Брајтон скокна на петтото место во Конференциската лига

Голот на Малик Јалкује во 64. минута му донесе на Брајтон победа од 1-0 на гостувањето кај…