Вчера ракометната репрезентација на Македонија мораше да се задоволи само со бод во натпреварот против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Исланѓаните успеаа да изедначат на само три секунди пред крајот и нас не ни остануваше многу време за да организираме напад.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Затоа мораше да шутираме од центарот. Ударот не беше лош топката ја одбрани голманот на Исланѓаните, Гоце Георгиевски ја прифати и ја погоди мрежата. Судиите не го признаа голот бидејќи според нив времето истекло.
Сега се појави една фотографија која можеби докажува дека сепак овој гол можел да биде признаен. Влезе ли топката на време во голот?