Дома Фудбал Дали Роналдо со една објави откри каде ќе игра следната сезона?

Дали Роналдо со една објави откри каде ќе игра следната сезона?

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема на Апенините во последно време.

„Газета дело Спорт“ тврди дека соиграчите се свртеле против Португалецот и дека тој не комуницира со никого во соблекувалната.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус, особено ако „старата дама“ не избори пласман во Лигата на шампиони.

Роналдо сега се огласи на својот Инстаграм профил по повод 100-от гол во дресот на Јувентус.

Португалецот порача дека нема да застане тука, па медиумите ја протолкуваа оваа порака дека и следната сезона ќе остане во дресот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …