Дома Фудбал Англија Дали е Бруно Фернандеш играч за големи дели?

Дали е Бруно Фернандеш играч за големи дели?

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш пред една година пристигна на „Олд Трафорд“ и го „препороди“ Манчестер Јунајтед.

Португалецот игра фантастично и оваа сезона веќе има постигнато 15 гола и 10 асистенции, па јасно е дека е најважниот играч на Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, она што паѓа во очи е што Фернандеш постигна само еден гол во седум натпревари против најдобрите шест клуба во Премиер лигата.

И тоа тој гол дојде од пенал во катастрофалниот пораз од Тотенхем 1:6 на „Олд Трафорд“.

Два пати против Челзи и Арсенал, како и по еднаш против Сити и Ливерпул Бруно не постигна гол.

Интересно е што на овие натпревари „црвените ѓаволи“ не постигнаа гол и загубија против Арсенал, а одиграа дири пет пати 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…