Аргентина е нов светски шампион откако во спектакуларно финале ја победи селекцијата на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентина до својата трета светска титула дојде после изведување на пенали, откако после 120 минути игра беше 3:3.
Само ден после натпреварот Французите тврдат дека голот на Аргентина во 108-та минута требало да биде поништен.
Имено, водечниот француски весник „Екип“ тврди дека Аргентинците од клупата влегле на терен пред топката да ја мине гол линијата.
„Голот не е регуларен, се стриктно се почитуваат правилата. После првата одбрана на Лорис, под емоционален набој, резервистите на Аргентина веќе беа внатре во теренот. Тоа е строго забрането и голот требаше да биде поништен“, објави „Екип“.
