Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Далиќ им одговори на Канаѓаните: Ова е мотив за да ги прегазиме

Далиќ им одговори на Канаѓаните: Ова е мотив за да ги прегазиме

Селекторот на Канада, Џон Хердман после мечот со Белгија малку се занесе и даде скандалозна изјава.

„Само што им кажав на моите фудбалери дека докажаа дека припаѓаат да бидат дел од Мундијалот. Сега одиме да ги еб*ме Хрватите. Тоа е следната наша мисија “, изјави Хердман.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Не се чекаше долго на одговор од хрватскиот селектор Далиќ, кој изјави дека тоа ќе биде додатна мотивација за неговиот тим.

„Видов што изјави мојот колега, секој има свој начин на комуникација, а тој се изрази како што се изрази. Не знам дали тоа беше убаво, а на нас е да покажеме на теренот дека сме подобри. Ќе ги искористам неговите зборови за дополнително да го мотивирам тимот за да ги прагазиме спортски на теренот“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

На Алонсо му објаснија што се случува во Барселона, а тој со џентлменска изјава ја воодушеви Шпанија

Џаби Алонсо одржа денеска прес-конференција пред утрешниот натпревар во Ла Лига каде што Р…