Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското првенство, а утрото по поразот хрватскиот селектор Златко Далиќ одржа прес-конференција на која зборуваше за многу теми.
Новинарите најмногу ги интересираше зошто Петковиќ го шутираше пеналот, Далиќ беше искрен дека тој не требало да изведува.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Казнените удари ги изведуваат Крамариќ и Модриќ, а не беа во игра. Петковиќ не требаше да шутира бидејќи правилото е играчот што го изнуди пеналот да не шутира. Во тимот има хиерархија и тој не требаше да го изведе пеналот“, изјави Далиќ.
Далиќ синоќа зборуваше и за тоа што ќе промени за натпреварот од второто коло против Албанија.
“Секако дека не беше лесно по толку висок и заслужен пораз. Статистиката беше на наша страна, но тоа не е реално. Го заслуживме поразот и тоа воопшто не е пријатно. Досега имавме претежно добри ситуации на натпреварите, но сега треба да знаеме како да се справиме со овие ситуации, денес ќе не анализираме и нас и тоа многу ни значи, во суштина, не можам да зборувам за деталите уште, но мораме да смениме некои работи во пристапот, што не беше добро Пред нас се два натпревари, се е во наши раце и не смееме да потонеме и да губиме енергија “, изјави Далиќ.