Дома Македонски спорт Грузијците потсетуваат, мечот Грузија – Македонија од 2020 година најгледан фудбалски настан во земјата

Грузијците потсетуваат, мечот Грузија – Македонија од 2020 година најгледан фудбалски настан во земјата

Од Тбилиси Јовица Симоновски

Македонските фудбалски репрезентативци се веќе во Тбилиси каде се подготвуваат за натпреварот во петок против Груија, во рамки на Лигата на Нации, во градот кој вечно ќе го паметиме по историскиот пласман првото Европско Првенство.

Грузиските медиуми го најавуваат мечот постојано, а арената Борис Паихадзе во Тбилиси веќе е распродадена и тоа само по себе говори за големиот интерес за овој натпревар.

Во рамки на една анализа на дневниот весник The Financial во врска со најгледаните настани во Грузија за изинатите две години, мечот меѓу Грузија и Македонија во 2020 година е убедливо најгледан фудбалски натпревар. Поради Ковид пандемијата, мечот се играше без присуство на публика и навивачите беа принудени да го гледаат на ТВ екраните. Просечно, мечот го гледале
296.000 гледачи во минута.

ТВ гледаност

Колку мечот со Македонија привлекол голео внимание, доволно се гледа по второто место по гледаност каде е дуелот меѓу Грузија и Шпанија, меч кој во просек го гледале по 220.000 гледачи во минута, или 74.000 гледачи помалку од оној меч против Македонија.

Следат дуелите, Италија – Англија од 2021 година, Грузија – Бугарија од оваа година, како и мечот Грузија – Белорусијаод 2020 година.

Во истата анализа јасно се гледа дека фудбалот е убедливо најпопуларен спорт во Грузија, а овој меч со Македонија нема сомнеж дека ќе биде меѓу овие топ пет најгледани фудбалски натпревари во Грузија. Натпреварот Грузија – Македонија, се игра во петок со почеток од 18:00 часот по македонско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…