Дома Македонски спорт Грузија – Македонија: Се загрева атосферата во Тбилиси, сите патишта водат кон Борис Пиачадзе арената 📸

Грузија – Македонија: Се загрева атосферата во Тбилиси, сите патишта водат кон Борис Пиачадзе арената 📸

Од Тбилиси Јовица Симоноски

За нешто повеќе од еден час стартува натпреварот Грузија – Македонија во Тбилиси, во рамки на 5-то коло во Лигата на Нации. Составите се веќе познати – ТУКА.

Важен меч по кој Грузија со победа ќе си го осигура лидерското место во групата, а ние ќе останеме да се бориме за втората позиција.

Од таму во Тбилиси денес се е насочено кон овој фудбалски меч. Сите патишта водат кон Борис Пиачадзе арената која ќе биде исполнета до последното место, со сиот свој капацитет од 54,139 гледачи.

Иако, рано – два часа пред стартот на натпреваро, Арената почнува да се исполнува, а атмосферата пред стадионот да се загрева.

Да се надеваме дека ветерот во грб кој ќе го добијат грузијците од трибините, нема да го искористи селекцијата на Грузија, која веќе има реми 1:1 и пораз 0:1 од Македонија пред своите навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…