Екипата на Сасуоло сезонава испадна од друштвото на најдобрите во Серија А и наредната сезона ќе игра во второлигашка конкуренција. Поради тоа во тимот ќе следат промени, а се започна од тренерската поазиција.
Нов тренер на Сасуоло е Фабио Гросо. Последниот ангажман Италијанецот го имаше во Лион каде што се задржа само седум натпревари, а во нив имаше и инцидент во дербито со Марсеј кога малку фалеше да го загуби окото. Во Сасуоло доаѓа на местото на Давиде Балардини.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Кариерата Гросо ја започна во младинските категории на Јувентус каде што беше и играч. Првата самојстојна тренерска работа му беше во сезоната 2017/2018 во Бари.
Од останатите клубови беше уште тренер во Верона, Бреша, Сион и Фросиноне.