Tимот на ГРК Охрид продолжи со создавање на тим за наредната сезона. Денес клубот промовираше четири засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нови членови на Охрид се Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски и Милоард Кукоски.
„Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи“, изјави Ѓорѓески.
Како шампиони на Македонија пристигнуваат Ојлески и Кукоски кои се разделија со Еурофарм Пелистер.
„Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи“, изјави Ојлески.