Дома Фудбал Останато Гризман си се пофали, па доби жесток одговор од Рамос: Неговото незнаење е многу храбро

Гризман си се пофали, па доби жесток одговор од Рамос: Неговото незнаење е многу храбро

Серхио Рамос како едвај да го чекаше прашањето на новинарот за Гризман.

Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација смета дека Антоан Гризман не може да се споредува со Кристиано Роналдо, Меси и Нејмар. Ќе потсетиме, Французинот тврдеше дека после одличната година која ја има зад себе заслужува да биде помеѓу тројцата на најдобри во борба за наградата од ФИФА за играч на годината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес на ваквите тврдења стигна одговор од Рамос.

„Неговото незнаење е многу храбро. Кога ќе го слушнам што зборувам се потсетувам на Тоти, Чави, Малдини, Раул, Иниеста, Икер…Играчи кои освоијаа се, а ја немаат „Златната топка“. Секој е слободен да мисли што сака, но би требало да ги послуша советите од Симеоне, Коке или Годин, добро би му дошле“, изјави капитенот на „кралевите“.

Очигледно Рамос не го дели мислењето со напаѓачот на градскиот ривал на неговиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…