Дома Фудбал Лига на шампиони Гризман од херој до трагичар, Милан се подалеку од нокаут фаза 🎥

Гризман од херој до трагичар, Милан се подалеку од нокаут фаза 🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се играше во Мадрид каде што Атлетико го пречека Ливерпул.

Во првите 45 минути во Мадрид видовме четири гола и тоа по два на двете страни. Ливерпул започна фуриозно, Милнер го искористи одличниот шут на Салах и се запиша во листата на стрелци уште во седмата минута. Во 13. минута момците на Клоп имаа веќе 0:2, стрелаше Наби Кеита.

Атлетико како да чекаше да прими два гола па да заигра фудбал. Тогаш почнаа домаќините да создаваат шанси, а од првата намалија на 1:2 преку Гризман. До крајот на полувремето Гризман постигна и уште еден гол, но треба да се истакне дека голема работа пред овој гол на Гризман заврши Жоао Феликс.

На стартот од вториот дел Атлетико остана без стрелецот на двата гола. Гризман беше невнимателен и по еден дуел заработи директен црвен картон во 52. минута. Предноста со играч повеќе на теренот Ливерпул ја искористи во вториот дел, па со голот на Салах од пенал на 15 минути до крајот ги обезбија трите бода.

Шансите на Милан за нокаут фаза во ЛШ од вечерва се и тоа како тешка мисија затоа што избраниците на Пиоли го запишаа третиот пораз во исто толку натпревари. После поразите од Ливерпул и Атлетико, вечерва Милан изгуби и од Порто на гостински терен. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Луис Диаз во 65. минута.

Во оваа група после три кола Ливерпул има девет бода, Атлетико Мадрид четири, колку што има и Порто. Милан е последен без освоен бод. Во следното коло Милан повторно ќе игра против Порто, но на домашен терен.

За останатите натпревари повеќе – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рангник ја носи ѕвездата на Лајпциг на „Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пр…