Францускиот фудбалер, Антоан Гризман одлично ја стартуваше сезоната со Атлетико Мадрид и постигна три гола на шест натпревари за Атлетико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новинарите ги интересираше причината за добрата форма на францускиот голгетер, а Гризман имаше интересен одговор.
Имено, напаѓачот низ шега им порача дека тоа што се вклучил во играта „Фантази“ му дава мотивација да биде подобар, за да си донесе повеќе поени.
„Се вклучив на играта „Фантази“, па тоа ми даде дополнителна мотивација“, изјави Гризман.
Инаку, ако има такви кои не знаат, „Фантази“ е популарна онлајн игра во која натпреварувачите прават тим и собираат поени во зависност од настапот на фудбалерите во реалноста.