Дома Фудбал Лига на шампиони Гранде Џиџи откри каква е желбата пред ждрепката во ЛШ: Уште само еднаш да доживеам…

Гранде Џиџи откри каква е желбата пред ждрепката во ЛШ: Уште само еднаш да доживеам…

buffon

Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон истакна денес дека желба му е повторно да заигра на „Сантијаго Бернабеу“, на „Камп Ноу“ и „Олд Трафорд“, но и уште еднаш да ја доживее „наелектризираната“ атмосфера на „Селтик Парк“.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ е подоцна денес, а Буфон кој најави дека ќе ја заврши својата кариера по СП 2018. година има неколку желби.

„ЛШ ви овозможуваа да доживеете некои од највозбудливите стадиони во Европа. Кога сте помлад тоа го земате здраво за готово, бидејќи мислите дека ќе имате уште прилики. Но, кога ќе остарите сфаќате дека има некои работи кои никогаш нема да ги доживеете“, истакна Буфон за италијанските медиуми.

„Сакам повторно да се тестирам себеси на Бернабеу и Камп Ноу, сакам да одиграм уште еден посебен вечерен меч на Олд Трафорд. Сакам уште еднаш да ја доживеам наелектризираната атмосфера од Селтик Парк. Се надевам дека ќе можам повторно да доживеам нешто од тоа, но реалност дека некои од нив нема да ги доживеам“, додаде Буфон.

Буфон истакна дека нема на својата кариера да гледа како непотполна ако не ја освои ЛШ.

„Доста трофеи освоив со Италија и Јувентус, за да размислувам на тој начин. Но, и натаму сонувам за тоа. Имам уште една година од договорот, така што имам уште една шанса да го подигнам трофејот. Нема да биде лесно, но ние сме подготвени повторно да се бориме“, заклучи Џиџи Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Интер го најде лекот …