Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски средбата со градоначалникот на Њујорк, Ентони Адамс ја искористи да му подари дрес од МЗТ Скопје.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Изминатите неколку денови, учествував на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот успеа во Њујорк да собере повеќе од 70 градоначалници од целиот свет.
Од моја страна на градоначалникот на Њујорк, кој е домаќин на овој настан и истовремено голем фан на кошарката му врачив дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.
Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство.
Се гледаме оваа сабота во СРЦ Кале, да дадеме поддршка и да навиваме за МЗТ Скопје во финалето на Суперкупот“, објави Муцунски на социјалните мрежи.