Дома Фудбал Репрезентации Гравина: Италија не треба да се плаши од Македонија, туку од сопствените грешки

Гравина: Италија не треба да се плаши од Македонија, туку од сопствените грешки

Репрезентацијата на Македонија доби тешка задача и во баражот за Светското првенство ќе играме со Италија на гостински терен.

За баражот сега зборуваше првиот човек на италијанската федерација, Габриеле Гравина. Тој верува дека Италија зависи од себе во натпреварот со Македонија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Во квалификациите промашивме два клучни пенали и сега ќе мора да играме во баражот. Прво ќе се соочиме со Македонија и сметам дека нашите фудбалери можат само самите себе да си бидат проблем. Мора да се плашиме од нашите грешки. Ако ние одиграме на нивото на кое знаеме и можеме тогаш без проблеми ќе се пласираме на СП“, изјави Гравина.

Ќе потсетиме подобриот од мечот Италија – Македонија ќе оди на дуел со победникот од натпреварот Португалија – Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…