Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Го прекина одморот за да дојде на ЕП, татко му возеше шест часа, а на крај – не одигра ниту минута!

Го прекина одморот за да дојде на ЕП, татко му возеше шест часа, а на крај – не одигра ниту минута!

Јан Матсен го прекина својот одмор во Грција кога Роналд Куман го повика дополнително да се придружи на репрезентацијата, но на крајот не одигра ниту минтуа.

Левиот бек беше на островот Миконос со својата девејко Емели Тундер, а престојувал на јахта вредна над 500.000 фунти кога добил повик да го замени повредениот Теун Копмајнерс.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Матсен го прифати повикот, дури и неговиот татко мораше да вози шест часа до Германија за да му ја донесе потребната опрема, но на крајот сето тоа за Матсен да ги гледа натпреварите од клупата.

Младиот 22-годишен фудбалер не доби прилика да истрча на теренот и неславно го заврши своето Европско првенство со елиминацијата на Холандија во полуфиналето.

Претходно, Матсен имаше одлична сезона во Борусија Дортмунд каде што играше какоп позајмен фудбалер од Челзи. Постигна пет голови во сите натпреварувања на 23 натпревари и во новата сезона ќе игра за Астон Вила која за него плати 44 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …