Дома Фудбал Останато Го подготвува ли теренот? – Зидан за прв пат откри кого гледа како негов идеален наследник

Го подготвува ли теренот? – Зидан за прв пат откри кого гледа како негов идеален наследник

Денес беше одражана прес-конференцијата пред утрешниот спектакл во Мадрид во кој ќе се сретнат „кралевите“ и „светците“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал игра лошо и Зидан веќе долго време е под притисок медиумите кои на големо пишуваат за негов отказ и смена на тренерската клупа.

Како идни наследници на Зидан се споменуваат, Јоаким Лев, Карло Анчелоти, Гути…Иако многумина очекуваат Јоаким Лев да биде наследникот на Зидан кој би пристигнал после Светското првенство, Французинот како свој наследник ја гледа легендата на Реал, Гути.

„Гути е подготвен за такво нешто, токму него го гледам како иден тренер на Реал Мадрид. Гути е дете на овој клуб, а водењето на Реал Мадрид е сон за секого, не гледам зошто не би можел да го направи тоа“, изјави Зидан кој потоа зборуваше за утрешниот натпревар.

guti

„Немам потреба ништо да докажувам на никого, ќе бидеме спремни за натпреварот. Не сакам да размислувам какви ќе бидат коментарите“, заврши Французинот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(ВИДЕО) Ираола скапо ја плати дебитантската победа на клупата на Ливерпул

Ендони Ираола со триумф го започна својот менаџерски мандат на клупата на Ливерпул, откако…