Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес е еден од водечките кандидати за преземање на репрезентацијата на Ерменија, изјави заменик претседателот на фудбалскиот сојуз на оваа земја, Армен Никогосијан.
Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес би можел да биде нов селектор на репрезентацијата на Ерменија откако оваа земја по поразот од Македонија се раздели со Александар Петраков.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раул тренерската кариера ја започна во сезоната 2018/19 кога ги водеше помладите категории на Реал Мадрид, а потоа го презеде Б тимот и во еден момент беше познат како потенцијална замена за Зинедин Зидан, но таквите најави не се остварија.
Сега би можел да ја добие својата прва селекторска работа. Ерменија како што е познато е во група со Македонија во Лигата на Нации и на второто место Ерменците имаат ист број на бодови со Летонија, Македонија е лидер во групата со шест бода предност.