Адис Јаховиќ сезонава игра одлично во турското првенство и постигна 10 гола. Во последниот период се шпекулираше дека Јаховиќ ќе замине од Малатијаспор, а сега Јаховиќ направи потег со кој дополнително ги подгреа гласините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јаховиќ на Инстаграм започна да го следи Бешикташ и ова беше доволно медиумите да пишуваат дека трансферот е пред реализација. Вкупно на сите натпревари Јаховиќ на 22 настапи постигна 13 гола и додаде една асистенција.

Неодамна првиот човек на Малатијаспор изјави дека официјални понуди немале.
„За Адис се зборуваше за некои понуди надвор од Турција, но ние официјално немаме ништо добиено. Без официјална понуда немаме за што да разговараме“, изјави Али Геврек.