Дома Фудбал Го напуштил Арсенал за да оди во – Нотингем!

Го напуштил Арсенал за да оди во – Нотингем!

Изненадување беше денешната вест од Островот за заминувањето на директорот на Арсенал, Еду Гаспар.

Но, англиските медиуми сега објавуваат дополнување на оваа информација кое е и поголемо изненадување. Наводно, Еду го напушти Арсенал за да се приклучи на Нотингем Форест.

Според информациите тој од грчкиот бизнисмен Марианакис добил трипати поголема плата за да биде главен во неговата мрежа на клубови. Освен Нотингем Форест, Еду би имал влијание и во Рио Аве и Олимпијакос кои исто така се во сопственост на грчкиот бизнисмен.

На Островот не се открива каква била платата на Еду во Арсена, но таа сигурно не била мала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…