Дома Останати Ракомет Го игнорираа, а сега кога го повикаа вардарецот Скубе и кажа „не“ на Словенија

Го игнорираа, а сега кога го повикаа вардарецот Скубе и кажа „не“ на Словенија

Средниот бек на Вардар, Сташ Скубе скоро сигурно нема да игра на Европското првенство за Словенија во Австрија, Норвешка и Шведска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скубе долго време беше игнориран од страна на Словенците и покрај неговите одлични настапи за Вардар. Кога се случи селекторска промена на клупата на Словенија и Веселин Вујовиќ си замина, Скубе доби повик.

Сепак како што изјави за словенските медиуми тој си направил друи планови.

„Јас не очекував дека ќе има промена на тренерската клупа, па не очекував да бидам дел од тимот на Вујовиќ. Очекував дека повторно нема да видам повикан и си направив други планови за јануари. Поради тоа можам да кажам дека 99.9% нема да играм на Европското првенство“, изјави Скубе за медиумите во неговата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…