Дома Фудбал Репрезентации Готово: УЕФА донела одлука со која ќе ги израдува сите селектори на Европското првенство

Готово: УЕФА донела одлука со која ќе ги израдува сите селектори на Европското првенство

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 играчи во репрезентацијата за Европското првенство во Германија, пренесува денеска „Скај Спорт“.

Британските медиуми пренесуваат дека ваквата одлука била донесена на вчерашната седница на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Овој предлог првпат беше претставен пред две недели на состанокот на тренерите во Дизелдорф.

„Скај Спорт“ истакнува дека УЕФА оваа одлука ја донела по предлогот на некои тренери да се зголеми бројот на играчи поради згуснатиот натпреварувачки распоред оваа сезона и можните повреди.

Исто така, се потсетува дека одлуката не е официјално донесена, бидејќи Извршниот комитет на УЕФА (EXCO) мора да ја одобри промената на правилата. Сепак, тоа се очекува да биде формалност.

Членовите на извршниот комитет на УЕФА треба да одржат состанок на 22 мај, но одлуката се очекува да биде потврдена до крајот на неделата. ЕП ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…