Дома Фудбал Англија Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот денес имаше средба со спортските директори Пол Вестенли и Лоренс Стјуарт на која двете страни донеле одлука да се разделат.

Веста за заминувањето на Покетино штотуку ја потврди и клубот од „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови. Со ова изборија пласман во Конференциската лига, но не ги оправдаа високите очекувања.

Покетино дојде на кормилото на Челзи минатото лето со големи амбиции, а заминува после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трансферот во Шпанија му пропадна, а сега е на чекор до Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми објавија дека Јунајтед повторно влегува во преговори со Аталанта околу …