Дома Топ вести Готово: Мемфис Депај во Атлетико Мадрид

Готово: Мемфис Депај во Атлетико Мадрид


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Веднаш после заминувањето на Жоао Феликс, прва желба на Атлетико за негова замена беше Мемфис Депај од Барселона.

Последните информации од Шпанија говорат дека двата клуба постигнале договор и Депај ќе се пресели во Атлетико за сума од 3 милиони евра.

Неговиот договор со Барселона истекуваше на крајот на сезоната, па поради тоа сумата на трансферот е симболична.

Како што објави „Мундо Депортиво“, холандскиот напаѓач веќе се договорил за соработка со мадридскиот клуб до 2025 година.

Оваа сезона 28-годишниот Депај одигра четири натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Апсолутни победници на преодниот рок: Челзи потроши над 300 милиони фунти!

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Соственикот на Челзи Тод Боели одлучи да го …