Дома Топ вести Готово: Гризман ги одби сите понуди, се сели на „Камп Ноу“

Готово: Гризман ги одби сите понуди, се сели на „Камп Ноу“

0

Француските медиуми пренесуваат дека Антоан Гризман категорично одбил да го продолжи неговиот договор со Атлетико Мадрид, бидејќи има преддоговор со Барселона.

Гризман ја одбил и последната понуда на Атлетико за продолжување на договорот со значително зголемување на платата. Притоа, 26-годишниот Французин ги одбил и понудите на Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Барселона ќе ги обезбеди услугите на Гризман за сума од 100 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузла.

Атлетико Мадрид се обиде во последните неколку недели да разговара со Гризман и неговиот агент за обновување на договорот, но играчот категорично ги одбил сите понуди.


Следете го Sportski.mk и на


Гризман моментално игра во фантастична форма и има постигнато 13 гола на последните 13 натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челси одби огромна понуда за Вилиан

Лондонски Челси добил огромна понуда за Бразилецот Вилиан која во текот на летото пристигн…