Дома Македонски спорт Мак фудбал Горан Пандев ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица

Горан Пандев ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација и интернационалец, Горан Пандев, ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица за особен придонес во областа на спортот.

Ова награда традиционално се  доделува по повод Денот на заштитниците на Струмица-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Од името на наградените се заблагодари Горан Пандев, кој не ја криеше радоста од наградата која му ја додели родниот град.

„Каде и да одев не криев да кажам дека јас сум Македонец, роден во Струмица, најубавото место на Балканот, место каде народот е насмеан, место каде Господ дарувал убавини, град кој станува препознатлив во цела Европа не само по спортот, туку и по културата, музиката, науката и прогресот. Никој од нас немаше да стаса до тие височини ако не беа струмичани кои секогаш не поддржуваат, ако неа беа нашите учители кои не учеа и ни го трасираа патот, ако не беа нашите тренери кои не усовршуваа, ако не беа Светите петнаесет, кои каде и да одевме беа нашиот чадор на верата, љубовта, здравјето и успехот“, рече Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…