Дома Македонски спорт Мак фудбал Горан Пандев со донација за струмичката болница

Горан Пандев со донација за струмичката болница

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина и надвор од теренот.

Пандев деновиве донирал средства во струмичката болница кои како што потврдија од таму ќе бидат искористени за набавка на заштитна опрема  за медицинскиот персонал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот човек на болницата д-р Наќе Гогов потврди дека од страна на струмичкиот интернационалец се уплатени средства кои ќе бидат наменети за набавка на заштитна опрема.

„Неблагодарно е да споменувам износи, но би сакал да упатам благодарност како до него така и до останатите правни и физички лица. Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, заштитни маски, ракавици според стандардите на СЗО за да бидат заштитени здравствените работници кои се на првата ,борбена’ линија и најмногу се изложени на ризикот да бидат заразени“, вели Гогов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…