Дома Фудбал Горан Пандев постави рекорд во Серија А

Горан Пандев постави рекорд во Серија А

Нашиот репрезентативен фудбалски капитен Горан Пандев вчера на натпреварот против Кротоне постави рекорд.

Имено, тој го израмни рекордот за најмногу натпревари во историјата на Серија А на кои еден фудбалер влегол во игра од клупата за резерви.

Ова за него беше вкупно 154. натпревар во кој влегува во игра од клупата, а со тоа се изедначи со Серџо Пелисие и многу веројатно дека до крајот на сезоната ќе биде апсолутен рекордер.

Пандев во Серија А е од 2003. година, а настапуваше за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…