Aкадемија Пандев денес го игра реванш натпреварот против Лехија од Полска.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Пандевци“ немаат многу шанси за пласман во следната фаза со оглед на резултатот од првиот натпревар во кој беа поразени со 4:1. Денес на терените на ФФМ во почетните минути создадоа шанси, но после 36 минути игра Лехија стигна до водство од 1:0.




На трибините поддршка за фудбалерите на струмичкиот тим е и сопственикот Горан Пандев. Секако дека и Пандев посакува „чудо“, но во овој момент тоа изгледа како (не)возможна мисија.