Дома Македонски спорт Гонзалес пред дербито: Ние сме фаворити

Гонзалес пред дербито: Ние сме фаворити

Ц „Јане Сандански“ во сабота ќе биде местото каде што ќе се одигра македонското ракометно дерби помеѓу Вардар и Металург во рамките од СЕХА лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа сезона Вардар е неприкосновен во СЕХА и од девет натпревари има девет победи, од друга страна Металург има биланс од само три победи девет порази.

Пред овој натпревар зборуваше стратегот на црвено-црните, Раул Гонзалес.

„Очекувам добар натпревар, сеуште не знам кој ќе игра. Тоа ќе го одлучиме на последниот тренинг. Фаворити и сме и не треба да бегаме од тоа, се надевам дека ќе играме пред полна сала“, изјави Гонзалес.

Ттреба да се истакне дека билетите за овој натпревар се по цена од 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за 16 годишниот Борче Јовановски на кого му е потребна операција во странство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Поранешен ракометар на ПСЖ ќе го засили Охрид

Македонскиот суперлигаш Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе се …