Дома Фудбал Останато Гол од половина и драма која се решаваше на пенали: Арсенал елиминиран од Лига Европа!

Гол од половина и драма која се решаваше на пенали: Арсенал елиминиран од Лига Европа!

Арсенал и Спортинг вечерва беа единствените две екипи кои играа продолженија и пенали, а по кои се радуваа фудбалерите на

Можеби Арсенал беше фаворит, но Спортинг одигра одличен натпревар и беше сериозна закана за „топџиите“. Рано стигна тимот на Артета до водство, се играше 20-тата минута Гранит Џака ја погоди мрежата на португалскиот тим.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Таа предност на англискиот тим беше актуелна се до 62-та минута кога го видовме најубавиот гол сезонава во Лигата на Европа. Педро Гонсалвеш со одличен удар од половина терен го совлада Рамсдајл за 1:1. До крајот свои шанси имаа и двата тима, меѓутоа резултатот не се промени.

Во финишот од продолженија, во 118-та минута втор жолт картон и исклучување заработи Угарте, Арсенал сепак немаше време да ја искористи таа ситуација, па се изведуваа пенали.

Трагичар во пенал серијата беше Габриел Мартинели кој не реализираше во петтата серија, додека сите изведувачи на Спортинг беа прецизни!

Во останатите натпревари Ројал Унион го елиминираше Унион Берлин со победа од 3:0, претходно во Германија резултатот беше 3:3, Рома на Мурињо одигра 0:0 со Сосиедад и со победата од првиот дуел 2:0 продолжи во четвртфиналето, Леверкузен победата од 4:0 во првиот натпревар со Ференцварош вечерва ја потврди со уште еден триумф од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…