Дома Фудбал Голман одлично ја претстави својата земја на Евровизија

Голман одлично ја претстави својата земја на Евровизија

Вчерашното издание на Евровизија беше посебно интересно и за фудбалските фанови затоа што во него настапи актуелен фудбалер.

Станува збор за претставникот на Белгија, Жереми Макиезе. Тој се претстави со песната „Miss you“. Макизе има 21 година и сезонава е под договор со белгискиот второлига Екселзиор Виртон, а очигледно добро му оди и на музички план.

Во финалето Макиезе го освои 19. место. Инаку тој е роден во Антверпен и има потекло од Конго. Пласманот на Евровизија го обезбеди откако победник на белгискиот натпревар „The Voice“, а со тимот на Виртон договор потпиша во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…