Дома Фудбал Лига на шампиони Голманот на Звезда правеше чуда, а потоа прими гол по аматерска грешка 🎥

Голманот на Звезда правеше чуда, а потоа прими гол по аматерска грешка 🎥

Израелскиот голман Омри Глазер беше еден од најдобрите на Црвена Звезда против Манчестер Сити и блескаше со чудесни интервенции, но на крајот прими гол по пацерска грешка.

Глазер прими гол по негова грешка за водство на Сити од 2:1. Алварез нафрли со ефе кое одеше кон голот, Глезер истрча да боксува, но ја промаши топката и таа заврши во мрежата.

До моментот на примениот гол Глезер имаше 11 интервенции. Во продолжение Сити постигна уште еден гол за конечни 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…