Дома Фудбал Голем успех: Хаџиевски со Емирати обезбеди промоција во елитата во ОАЕ!

Голем успех: Хаџиевски со Емирати обезбеди промоција во елитата во ОАЕ!

Поранешниот селектор на Македонија Ѓоко Хаџиевски направи голем успех со својот тим Емирати и успеа да го внесе во елтината конкуренција во Обединетите Арапски Емирати.

На коло до крајот составот на Хаџиевски забележа убедлива победа од 6:0 против Масафи и така направи недостижна предност пред најблискиот конкурент и дојде до промоција.

Пред последното коло Емирати има три бода предност, плус 15 голови и подобар меѓусебен дуел од Ал Батаех.

Треба да се спомене дека во стручниот штаб на Хаџиевски се уште Никола Аврамовски, Филип Деспотовски и Филип Маџовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…