Голем удар за римската „волчица“ и тренерот Лучијано Спалети кој синоќа на гостувањето кај Сасуоло го загуби Алесандро Флоренци, кој заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото и ќе паузира 6 месеци.
Флоренци се повреди на мечот против Сасуоло, па после лекарските анализи беше утврдено дека станува збор за кинење на лигаментите, па веднеш ќе мора да биде опериран.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Повредата на Флоренци ќе биде голем хендикеп за тренерот Спалети, бидејќи станува збор за еден од клучните фудбалери во тимот и универзалец кој може да игра на повеќе позиции.