Дома Фудбал Англија Голем скандал на Островот: Мојс сакал да се тепа со судијата по мечот со Челзи!

Голем скандал на Островот: Мојс сакал да се тепа со судијата по мечот со Челзи!

Mедиумите на Островот денес пишуваат за голем скандал кој се случил после натпреварот помеѓу Челзи и Вест Хем во кој „сините“ славеа со 2:1.

Наводно по мечот незадоволниот Дејвид Мојс влегол во соблекувалната да се пресмета со судијата Енди Медли. Стратегот на Вест Хем бил незадоволен од одлуката на Мендли да го поништи голот во судиското продолжение.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Мојс го критикуваше судијата и на прес-конференцијата после натпреварот.

„Сите видовте, тоа беше скандалозна одлука. Глупост од судија кој е прогласен за еден од најдобрите. Да не зборувам и заработата на ВАР. Неверојатно…“, изјави тогаш бесниот Мојс.

Вест Хем на тој натпревар постигне гол преку Максвел Корне. По ВАР проверката видео судиите не сакаа тие да ја донесат конечната одлука, па го повикаа Мендли да провери, тој одлучи голот да биде поништен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…