Дома Фудбал Големо изненадување на тренингот на Аталанта пред мечот со Ливерпул

Големо изненадување на тренингот на Аталанта пред мечот со Ливерпул

Фудбалерите на Аталанта вечерва играат на гости против Ливерпул во натпревар од 4. коло во Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи Ливерпул го декласираше тимот од Бергамо со 5:0, а сега Аталанта ќе се обиде на „Енфилд“ да дојде до подобар резултат.

Клубот од Бергамо денес се огласи на Твитер и се пофали дека на тренингот имале посебна посета.

Имено, нив ги посетил италијанскиот стратег Карло Анчелоти и им посакал среќа за вечерашниот натпревар.

„Големо изненадување на нашиот тренинг утрово“, објавија од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…