Дома Македонски спорт Мак ракомет Големи засилувања за Металург: Пристигнуваат браќата Ниокас!

Големи засилувања за Металург: Пристигнуваат браќата Ниокас!

Tимот на Металург подготвува силен тим за наредната сезона.

Продолжувањето на договрите на тренерот Марковски и Златко Хорват беа само првите најави, следната недела Металург добива две големи засилувања. За пошироката јавноста е веројатно изненадување, браќата Ниокас доаѓаат во Металург.

Преговорите Металург ги водел неколку недели. Вчера француските медиуми објавија дека деталите се договорени и следната недела Оливие и Кевин Ниокас доаѓаат на потпис во Автокоманда.

Најавите се дека двајцата ќе потпиша двегодишен договор, а доаѓаат најмногу на инсистирање на тренерот Марковски. Оливие Ниокас е соиграч на Лазаров во Нант, додека неговиот брат го носи дресот на Бенфика.

Дефинитивно Металург со вакви засилувања прави респектабилен тим кој може да се приклучи на Вардар и Е.Пелистер во трката за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…