Дома Фудбал Голема промена во почетниот состав на Милан за дербито против Рома

Голема промена во почетниот состав на Милан за дербито против Рома

Милан вечерва ќе гостува кај Рома на Олимпико, а тренерот Стефано Пиоли наводно одлучил да направи една неочекувана промена.

После силните критики, Пиоли одлучил капитенот на Милан, Ромањоли да го остави на клупата, па стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Кјаер и Томори, кој неодамна пристигна од Челси.

Ромањоли имаше неколку лоши натпревари, особено против Специја и Интер, па ќе оди на “одмор“.

Пиоли вчера застана во одбрана на Ромањоли велејќи дека грешките се составен дел од животот, но ден подоцна одлучи да го казни и да го седне на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…