Швајцарската тениска мега легенда Роџер Федерер би можел да каже „збогум“ на тенисот во наредната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веројатно најпознатиот играч кој некогаш се појавил на тениските терени денес има 37 години и јасно е дека крајот на неговата кариера е блиску.
Голем број медиуми пишуваат дека пред Роџер во наредниот денови е голема одлука. Имено, тој наскоро би требало да соопшти дали ќе игра наредната сезона на турнирите на земја или не. Ќе потсетиме во последните две сезони ги пропушташе овие турнири.
Ако сега одлучи да ги игра, многумина сметаат дека тоа ќе биде крај за него.
Наводно тоа би значело дека Роџер сака да одигра уште еден Ролан Гарос во кариерата, а во тој случај би се простил во октомври наредната година кога на распоред е турнирот во неговиот роден Базел.