Дома Фудбал Гласот го крена и Карвахал: Вака нема да издржиме, ќе штрајкуваме!

Гласот го крена и Карвахал: Вака нема да издржиме, ќе штрајкуваме!

Шпанскиот ветеран Дани Карвахал е уште еден во низата фудбалери кои го кренаа гласот поради преголемиот број натпревари во сезоната.

Неодамна можен штрајк најави и играчот на Манчестер Сити, Родри, а сега истото го зборуваше и Карвахал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Има преголем број натпревари и размислуваме да штрајкуваме. Никој ништо нас не нѐ прашува и поради тоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал.

За Реал Мадрид, Карвахал во минатата сезона одигра 55 натпревари, а поради новиот формат на Светското клупско првенство сезонава би можел да достигне и бројка од 70 натпревари.

Тука треба да се каже и дека Карвахал одигра 18 натпревари помеѓу двете лета, па така јасно е зошто се погласни се реакциите на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој го враќа стравот во Европа? Перез ги презема првите чекори

По турбулентната сезона и разочарувањата во Лигата на шампионите, како и во Ла Лига и друг…