Дома Топ вести Гигантите почнаа битка за потписот на Тиаго Силва!

Гигантите почнаа битка за потписот на Тиаго Силва!

Тиаго Силва на крајот на сезоната може да го напушти Пари Сент Жермен, а тоа ги алармираше европските гигнати кои почнаа да водат битка за неговиот потпис.

Договорот на Тиаго Силва со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент истакна дека нема преговори со клубот за продолжување на соработката, па Бразилецот може замине како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа ги алармираше европските гигнати кои започнаа битка за неговиот потпис, а најсилен интерес во моментов покажуваат Милан, Јувентус, Челзи и Реал Мадрид.

Овие клубови веќе направиле контакт со агентот на дефанзивецот, па останува да видиме кој ќе успее да ја добие битката за неговиот потпис.

Тиаго Силва иако има 32 години важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот и сигурно уште неколку години може да игра на врвно ниво, па несомнено ќе биде големо засилување за клубот кој ќе го добие неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…