Дома Фудбал Репрезентации Германците го осудуваат, Турците го бранат – Озил доби поддршка и од Ердоган

Германците го осудуваат, Турците го бранат – Озил доби поддршка и од Ердоган

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган јавно ја поздрави одлуката на Месут Озил за напуштање на репрезентацијата на Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Разговарав со него вчера…Тие не можат да поминат преку тоа што тој објави фотографија заедно со мене. Го поздравувам неговиот став и одлуката да ја напушти репрезентацијата“, изјави Ердоган.

Озил во текот на вчерашниот ден соопшти дека се повлекува од репрезентација на Германија поради расизам и дискриминација кон луѓето со потекло од Турција, а неговата одлука ја поддржаа и голем дел од луѓето во владата на Турција.

29 годишниот играч за врска за репрезентацијата на Германија настапи на 92 натпревари, постигна 23 погодоци и запиша 40 асистенции. Во 2014 година го освои и Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Артета упати телефонски повик до голема фудбалска ѕвезда: “Те сакам во Арсенал”

Арсенал продолжува да работи на дополнително зајакнување на тимот, а една од најголемите ж…